Албанија почна со затворање на средните училишта поврзани со Фетулах Ѓулен

Од:

Албанската влада донесе одлука со која престанува со работа турското средно училиште „Мехмет Акиф Ерсој“ во Тирана.

Во одлуката потпишана од вицепремиерката Белинда Балуку, оваа образовна установа се задолжува на секој ученик да му ја достави потребната училишна документација која ќе му послужи за префрлање во друга установа и да ги врати уплатите што ги направиле родителите.

Според албанските медиуми колеџот „Мехмет Акиф Ерсој“ се вбројува меѓу „најквалитетните гимназии во периодот откако функционира во Албанија“.

-Се чини дека албанската влада почна да ги реализира барањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со турските училишта во Албанија, затворајќи ги оние кои се поврзани со Фетулах Ѓулен и отворајќи го патот за училиштата кои се дел од струите на политичкиот ислам поддржани од Турција, наведува весникот „Панорама“.

Во владината одлука не е наведена причината за ваквата одлука.

-Во нашата земја со години работат многу бизниси во сопственост на турски државјани, приврзаници на движењето „Фето“. Затворањето на овие објекти отсекогаш било барање на турскиот претседател Ердоган, додава весникот.

Ова е второ турско училиште во земјата на кое со одлука на владата му е ставен клуч на врата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици