Албанија одбележува 70 години од ослободувањето од фашизмот

Од:

По вчерашното сензационално одбележување на 102-рата годишнината од независноста, Албанија денеска одбележува 70 години од ослободувањето од фашизмот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Државниот врв, претседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама и спикерот на парламентот Илир Мета, министри како и дипломатски претставници акредитирани во Албанија положија венци и се поклонија пред споменикот „Мајка Албанија“ оддавајќи им почит на сите паднати борци.

Но, како и изминатите години власта и опозицијата денот на ослободувањето го одбележуваат во различни датуми. Актуелната власт, односно левицата, на 29 ноември, додека опозиционите демократи – десницата на 28 ноември.

Иако во ист ден, одвоено тие го славеа и Денот на незвисноста. Левицата вчера славеше во Валона, каде пред 102 години Исмаил Ќемали го подигнал албанското знаме и ја прогласил незвисноста на земјата, додека десницата беше во Тирана каде ги одбележа двата дена, на независнсоста и на ослободувањето.

Поради различните ставови за денот на ослободувањето, левицата дека Албанија е ослободена на 29 ноември а десницата на 28 ноември, одбележувањето на овој ден, уште по падот на комунизмот, едните го одбележуваат на 28 другите ден потоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја