Албанија: Лидери од опозицијата добија кривични пријави за учество на протест

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша и претседателката на третата по големина партија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади, заработија кривичи пријави за учество на синоќешниот протест организиран од страна на Алијасата за заштита на Националниот театар.

Тие,заедно со уште седум други лица,меѓу кои и лидерот на опозициската Републиканска партија, Фатмир Медиу, познатиот режисер Роберт Будина, популарниот рапер Стреси(Аркимед Луша)ќе одговараат за „организирање и
учество во незаконски групирања и манифестации“.

„Кривични пријави се поднесени против девет лица бидејќи на 18 мај 2020 по 16:30 часот протестираа на нелегален начин,без дозвола на надлежните органи, нарушувајќи го јавниот ред и мир. Уште повеќе кога земјата се наоѓа во
вонредна состојба поради пандемијата и забранети се групирања и масовни собирања,стои во полициското соопштение.

Претходно Баша и Круемади беа парично казнети а одземени им се и возачките дозволи поради непочитување на полициски час и мерките за заштита од ширењето на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија