Албанија летово очекува 3,5 милиони туристи

Од:

За време на овогодишната туристичка сезона Албанија очекува да ја посетат од три до  три и пол милиони домашни и странски туристи.

Ваквите очекувања, како што јави дописникот на МИА, ги изнесе албанскиот министер за внатрешни работи Симир Тахири презентирајќи ги мерките кои полицијата ќе ги преземе за време на летната туристичка сезона.

– Најголемиот бран туристи се очекува од 1 јули до 15 август, период кога полициските структури ќе бидат насочени кон гаранција на јавниот ред и мир и спречување на кривични дела во туристичките подрачја, зголемување на безбедноста на сите патни правци и спречување на сообраќајни несреќи. Според планот на Министертвото за внатрешни работи ќе бидат ангажирани 2.388 припадници на полицијата, пловни објкети и еден хеликоптер, изјави Тахири.

Заради поголема безбедност во собраќајот, веќе четврта година по ред во северниот дел на земјата, главно по автопатот Драч-Кукс, по кој патуваат косовските граѓани, од 15 јуни до 15 септември патролираат заеднички албанско-косовски полициски патроли, додека во договор со Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, заеднички патроли веќе две години има на крајбрежјата на двете земји.

Најави од пред две години има и за заеднички албанско-македонски полициски патроли на албанското крајбрежје, но засега тоа не е реалзиирано.

Како и изминатите години најпосетени се очекува да бидат Драч, Валона, Химара, Саранда, Шенѓин и Каваја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“