Албанија ќе набави мали американски беспилотни летала

Од:

Албанија планира да набави шест мали американски беспилотни летала РК-20Б Пума и соодветна опрема за извидување.

Станува збор за беспилотни летала што се лансираат „од рака“ и се користат за извидување во пешадија, специјални единици и морнарица.

„Сличен мал дрон, израелскиот Скајларк, го користат армиите на Хрватска, Унгарија и Северна Македонија“, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа, додавајќи дека Пума е летало на новата генерација со опсег од 20 километри и може да помине максимум три часа на максимална височина од 150 метри.

Производителот на тие летала, американската компанија Аероваорнмент, испратиле официјално барање за склучување договор до Командата на американската армија, која е одговорна за издавање дозволи за извоз на овој вид воена опрема.

Договорот предвидува албанската армија да набави шест беспилотни летала, три дигитални линкови за пренесување информации, шест комплети резервни делови, седум комплети опрема за извидување и софтвер, како и двегодишен договор за логистичка поддршка. Договорот се очекува да биде одобрен од американските институции до крајот на годината, со рок на испорака до крајот на 2022 година.

Примарната цел на беспилотните летала ќе биде во морнарицата, пешадијата, извидување и специјалните единици на албанската армија.

Би можело да ве интересира

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар