Албанија ќе гради прифатни кампови за мигрантите

Од:

Албанската заменик-министерка за внатрешни работи Ровена Вода најави зајакнување на капацитетите на границата, со поставување привремени прифатни кампови за мигрантите кои ќе побараат азил.

Според неа, ова се предвидува со новиот Предлог- закон за азил, со кој исто така се намалува периодот на добивање одговор на барањето за азил, кого сега барателите ќе го добиваат во рок од десет дена.

-Со новиот закон се очекува да се подобри состојбата со барателите на азил во некои области, зајакнување на капацитетот на границата, со поставување неколку кампови и олеснување на процедурите за верификација на мигрантите, изјави Вода за Ора њуз.

-Оваа процедура ќе помогне во побрзото селектирање на овие лица, категоризирајќи ги уште од самиот почеток. Законот предвидува остри санкции за мигрантите кои ги прекршуваат правилата за престој и ним ќе им биде отфрлено барањето за азил. Исто така, ќе се воведе ограничување во движењето надвор од Центарот за азил во Барбу а ќе има построг мониторинг врз мигрантите во прифатните кампови и центри, дообјасни Вода.

Како што наведува телевизијата, новиот закон се очекува да ја подобри актуелната ситуација со имигрантите, кои „често прават проблеми со вмешаност во разни кривични дела“.

Според полициската статистика минатата година во Албанија азил побарале над пет илјади странци, главно сириски државјани.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата