Албанија изградила 300 километарски автопат за три години

Од:

Додека повеќето земји од Југоисточна Европа работат на проширување на своите автопати, Босна и Херцеговина во изминатите 12 години изградила само 71 километар, јави турската агенција Анадолија во текстот насловен како „Таму каде што завршуваат автопатите, почнува БиХ“.

Во истиот период Хрватска изградила стотици километри модерни патишта и стана една од европските земји со најмногу изградени автопати.

Според податоците на Евростат во 2010 година во Хрватска имало 1.126 километри автопат. Во Бугарија истата година имало 437 километри автопат, во Словенија 771 километар, а во Романија 332 километри.

Од останатите земји во регионот Албанија во изминатите три години изградила 300 километри автопат, во Македонија во изминатите 20 години се изградени 150 километри, во Србија во последите седум години 114 километри. Црна Гора во изминатите десет години не изградила ниту еден километар.

Во Косово минатата година беше пуштен дел од автопат од 38 километри, кој беше изграден за една година, а вкупната должина на патот преку Косово ќе достигне 17 километри.

Турција има автопат со должина од 2.153 километри, а други 600 километри се во фаза на изградба.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски