Албанија и Грција ќе ги преразгледаат учебниците врз основа на принципите на УНЕСКО и СЕ

Од:

Албанија и Грција одлучиле да реализираат заклучоци на заедничка комисија за преразгледување на учебниците по историја, географија, култура и економија врз основа на принципите на УНЕСКО и Советот на Европа, јавија грчки медиуми.

Министрите за образование на двете држави го нагласиле на прес конференција значењето на тоа преразгледување на учебниците.

– За првпат децата од грчките етнички училишта во Албанија беа снабдени со учебници на грчки јазик пред учебната година. Во буџетот за 2015 година предвидени се инвестиции во училиштата во кои се предава на грчки јазик, изјави министерката за образование и спорт, Линдита Николи.

Таа додала дека Албанија е меѓу државите што ги исполнуваат меѓународните критериуми во врска со правата на етничките малцинства.

Грчкиот колега Андреас Ловердос истакнал дека децата од грчката етничка заедница во Албанија треба да бидат најдобро образовани и оти Грција ќе го исполни својот долг во таа насока. Албанија има население од над три милиони луѓе од кои околу 150.000 се етнички Грци кои живеат во јужниот дел од државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он