Албанија го одложи пописот на населението планиран за октомври

Од:

Албанија за идната година го одложи пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти доцна попладнево Институтот за статистика – ИНСТАТ, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската унија (Евростат), се наведува во соопштението, што го пренесе вечерва Топ чанел.

Ова е вторпат како се одложува спроведувањето на оваа статистичка операција. Првиот пат одложувањето беше поради ситуацијата создадена од пандемијата со Ковид-19.

– Потоа, ИНСТАТ одлучи на 1 октомври годинава официјално да започне пописот на населението, за што почна спроведување на потребните подготвителни активности, наведува телевизијата.

Во годишната програма на ИНСТАТ се наведува дека овој попис се очекува да трае шест недели и оти сите активности за успешен попис ќе завршат навреме.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он