Албанија доби препорака за кандидатски статус

Од:

Европската комисија даде позитивен извештај за напредокот на Албанија и препорача Советот на министери на ЕУ да и дадe кандидатски статус.

Ова, како што јави дописникот на МИА , е најкусото резиме од денешниот престој на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и неговата средба со премиерот Еди Рама.

– Албанија продолжи со имплементација на неопходните реформи кои се поврзани со ЕУ, поточно со кандидатскиот статус, забележа значајни легислативни реформи во борба против организираниот криминал и позитивни резултати во борбата против шверцот со дрога и други сериозни област и има  потреба за длабоки реформи во правосудството, кои ќе бидат одлучувачки во борбата проитв корупцијата, стои меѓу другото во извештајот за напредкот.

Врз основа на заклучоците во Извештајот, Комисијата препорачува Советот на ЕУ да и даде на Албанија кандидатски статус без никакво двоумење.

Оценувајќи ја препораката како добра вест за сите Албанци, премиерот Рама меѓу другото се заложи и за дијалог со опозицијата.

Албанија доби препорака од ЕК и во октомври 2013 година, но пет земји членки на ЕУ – Германија, Франција, Велика Британија, Данска и Холандија, побараа одлагање на препораката за јуни годинва. Албанија се надева дека овие земји нема да го превземат истиот чекор, затоа што до сега тие не искажале резерва по ова прашање за Албанија. Препораката советот треба да ја донесе на 23 јуни.

На позитивната препорака експресно реагираше опозициската Демократска партија, констатирајќи дека тоа е плод на работата на демократската Влада на поранешниот премиер Сали Бериша.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски