Албанија да и стави вето на Македонија за НАТО

Од:

Поранешниот амбасадор на Албанија во Македонија, Шабан Мурат, побара Албанија да стави вето за приемот на Македонија во НАТО.

„Прашањето на Албанците во Македонија треба да биде приоритет на надворешната политика и дипломатијата на албанската држава. Тука, се разбира, е и состојбата на Косово и ситуацијата на сите Албанци на Балканскиот полуостров и на албанската дијаспора. Признавањето на уставното име и согласноста за прием во НАТО треба да биде условено од ова“, вели Мурат.

Тој додава дека албанскиот народ во Македонија се уште го нема заслужениот статус според Уставот, кој треба да се менува во однос на нивото на правата, слободите и особено во однос на правата при носењето на државните одлуки.

Според него, проблемот на Албанците во Македонија треба да биде приоритет број еден за нацијата.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

Рубио: САД бараат пет проценти одбранбени трошоци од сите членки на НАТО