Албанец дилал дрога во Америка, дома му запленија имот вреден 1,2 милиони долари

Од:

Албанската полиција изврши превентивна заплена на имот вреден околу 1.200.000 долари, кои му припаѓаат на 44-годишен албански државјанин, уапсен во САД од американската агенција ДЕА и обвинет за трговија со дрога.

Полицијата во Тирана соопшти дека продолжува да работи на пронаоѓање, идентификување и одземање на средства кои произлегуваат од криминална активност и оти во тие рамки, финализирана е полициската акција со кодно име „Испорака“.

– Одделот за истрага на перење пари и криминални средства во соработка со Обвинителството на судскиот округ Тирана, по неколкумесечна истрага, ја финализира операцијата под кодно име „Испорака“. По барање на Основниот суд во Тирана, извршена на превентивна заплена на имотот на Ј.Д. (44), уапсен од ДЕА во САД поради меѓународна трговија со наркотици од земјите од Латинска Америка во САД и Европа, се наведува во полициското соопштение.

Се додава дека согласно одлуката на Судот запленет е имот чија вредност е околу 1,2 милиони долари и тоа трговски објект со приближна вредност од околу милион долари, друг деловен објект и банкарска сметка во вредност од околу 206.000 долари.

Полицијата посочува дека продолжуваат активностите за откривање на други средства кои би можеле да бидат регистрирани на име на други лица.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД