Албанци фатени на хрватска граница во обид да пренесат над 17 килограми марихуана

Од:

Во раните утрински часови, автобус со албански национални ознаки, управуван од 53-годишен маж заедно со 36-годишно лице кое било во возилото, двајцата државјани на Албанија, се приближиле до влезната гранична контрола во Хрватска.

За време на граничната контрола, полициските службеници на граничната полициска станица Груда и цариниците се сомневале во шверц на дрога, поради што бил побаран налог за претрес.

При претрес на резервното тркало на автобусот биле пронајдени 12 ПВЦ вреќи во кои имало марихуана, тешка вкупно 17.450 кг.

Истрагата утврди дека албанските државјани сториле кривично дело неовластено производство и трговија со дрога и се предадени на полициската управа во Дубровник со кривична пријава.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб