Актерите од „Атеље 212“: Не сме фабрика

Од:

Не сме фабрика, туку дом на уметноста – актерите од „Атеље 212“ денеска побараа смена на директорот на театарската сцена. Најавија дека ќе работат нормално до крајот на сезоната, но дека нема да соработуваат на новите понудени проекти се додека нивните барања не с еисполнат.

Барањето за смена на директорот Младеновиќ го образложија во 12 точки. Поголемиот број од барањата беа прифатени Управниот одбор на театарот и ги упати во Градското собрание под чии ингеренции е Атељето.

Актерите го обвинија директорот за самоволие и дрскост и дека неговото однењсување уште пред три години кога дошол на директорската позиција наликувало како да е директор на фабрика пред стечај.

„Ние не сме фабрика, туку дом на уметноста. До доаѓањето на Младеновиќ како директор, оваа куќа немаше никакви долгови, кон никого“, објаснуваше актерката Горица Поповиќ која е и член на Управниот одбор.

Во образложението на целиот тетарски ансамбл стои дека „Буџетската инспекција, востановила долг на театарот од околу 18 милион денари и наложила враќање на средствата во буџетот најдоцна до 15 јуни. И дека дополнително долгот за сметки за струја е 8 милиони динари“.

Присутните на прес конференцијата го обвинија директорот дека на Управниот одбор им рекол дека ќе го режира мјузиклот „Коса“ бесплатно, за потоа без знаење на Управниот одбор сам со себе да си потпишува договори и да проневерува средства од театарската каса.

Актерите го обвинија Младенович, дека ги игнорирал нив и дека за новите театарски проекти носел глумци од страна.

Само последната сезона работени се две претстави без ниту еден глумец кој е запослен во театарот и четири премиери со само пет глумци од ансамблот на Атеље. А, потоа за да ги оправда парите кои ги потрошил за хонорари за надворешни соработници, да го обвинува ансамблот дека не му се работело, извртувајќи ги тезите – обвинуваат револтирано српските актери.

Актерите, од кои голем број доаени на српската театарска сцена, кжуваа и лични примери за несогласувањата со директорот.

Актерката Анита Манчиќ, изјави дека директорот вчера и рекол дека глумците се виновни што тој потрошил дополнителни 5 милиони динари, бидејќи ги враќале улогите кои тој им ги нудел. За да ги негира неговите тврдења Манчиќ излезе со податоци дека Атеље има 250 авторски договори, а само 28 пати биле вратени улоги. Ова според неа го потврдува неговото самоволие.

Актерот Бранимир Брстина изјави дека го револтира тоа што Младеновиќ ја доживува ова атеатарска куќа како да е негова сопственост. Тој не го сака ова театарско семејство, не сака со никого да се договара, туку сака да изгради сосема нов „Атеље 212“.

Актерката Дара Џокиќ, ги негираше обвинувањата дека била директен виновник за раскинување на договор со некој спонзор, додека Тихомир Станик емотивно призна дека се чуствува како некој до него да бара да направи „југо“ а тој е способен да произведе „ферари“. Додека пак Гордан Кичиќ одлучно негираше дека зад нивниот „бунт“ стојат политички интереси.

 

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски