Aкредитирани 320 грчки и странски новинари за изборите во Грција

Од:

За следење на предвремените парламентарни избори во Грција од специјално уредениот прес центар во салата за конференции „Запио“, акредитирани се 320 новинари, фоторепортери, странски дописници и екипи од телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен домашните, грчките новинари, изборниот процес ќе го следат и странски медиуми од 15 земји меѓу кои и Северна Македонија, Германија, Франција, Кипар, Чешка, Италија, Шпанија, Бугарија, Албанија, Велика Британија, САД, Кина, Јапонија, Венецуела,

Прес центарот е отворен од утрово, а новинарите преку video wall можат да ги следат грчките и европските телевизии.

Лидерите на политичките партии имаат можност по објавувањето на резултатите од изборите на јавноста да ѝ се обратат или од нивните партиски штабови или токму од салата за конференции каде што е прес центарот.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис