Еспен Барт Аиде се повлече од функцијата специјален претставник за Кипар на генералниот секретар на Обединети нации за да се посвети на политичка кариера, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
– Во последните 27 месеци, Аиде им помогна на двајцата лидери на Кипар да постигнат невиден напредок во напорите за изнаоѓање на трајно решение на еден децениски конфликт на Островот, изјави заменикот официјаленпретставник на ОН, Фархан Хак.
Аиде се повлече од функцијата во ОН за да се кандидира на парламентарните избори во Норвешка, што се закажани во септември.
Десетдневните преговори за Кипар што завршија на седми јули во Швајцарија завршија без успех. На преговорите учествуваа и претставници от трите земји гарантори за Кипар – Грција, Велика Британија и Турција.