Организацијата за права на човекот Амнести интернешнал ги повика државите што ја снабдуваат Турција со солзавец за потребите на полициските сили, да прекинат со испораките, објави Хуриет дејли њуз.
Повикот е упатен откако оваа недела беа органзирани протести во Истанбул, Анкара и други турски градови заради смртта на турски демонстрант за време на протести во Хатај.
Турската полиција одново употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.
– Употребата на прекумерна сила врз демонстранти бара прекин на испораките за Турција на солзавец и секаква орпема за борба против масовни безредија, додека не биде ставен крај на смртните случаи и повреди, изјави Ендрју Гарднер експерт за Турција во Амнести интернешнал.
Меѓу државите кои вршат извоз на солзавец за потребите на силите за безбедност се САД, Израел, Велика Британија, Кина Бразил, Индија, Белгија и Јужна Кореја.
– Ги повикуваме владите да прекинат со доставувањето и да побараат од Турција да го почитува правото на мирни протести и да биде ставен крај на употребата на прекумерна сила од страна на полицијата, нагласи Гарднер.