Ахтисари: Србија во ЕУ само ако го признае Косово

Од:

Финскиот дипломат и поранешен пратеник на ОН во разговорите за статусот на Косово Марти Ахтисари смета дека на Србија не треба да и се дозволи да стане членка на ЕУ додека не ја признае независноста на Косово.

„На Србија не треба да и се дозволи да влезе во ЕУ додека не го признае Косово. Таа одамна го загуби правото над Косово. Србија долги години лошо се однесувала кон косовските граѓани, изјави Ахтисари за загребскиот весник „Вечерњи лист“.

Според него, земјите членки на ЕУ кои го немаат признато Косово (Шпанија, Романија, Грција, Словачка и Кипар) и помогнале на Србија во нејзините напори, но изрази уверување дека тоа многу брзо ќе се смени.

Ахтисари ја коментираше и изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Србија нема да го признае Косово дури и под услов да не стане членка на Унијата.

„Ако сакаат во Русија нека одат таму. Никакво попуштање не е дозволено, ниту во БиХ ниту било каде“, порача Ахтисари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија