Адвокат на Караџиќ: Имаме нови докази, ќе бараме повторно судење

Од:

Одбраната на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се подготвува да поднесе барање за повторно судење поради нови докази на крајот на оваа или почетокот на 2020 година.

Тоа го соопшти еден од адвокатите на Караџиќ, Горан Петронијевиќ.

-Подготвуваме барање за повторно судење. Ревизијата е можна ако одбраната или обвинителите најдат нови докази или факти, кои не се познати во време на изрекување на пресудата на првостепениот или второстепениот суд, а кои можат сериозно да влијаат на одлуката на судот, вели Петронејевиќ.

Тој рече дека одбраната поседува „сериозен пакет на документи, добиени од обвинителите во време кога веќе било доцна да се искористат во процесот” и додаде дека „95 отсто од сите докази биле кај обвинителите”.

Судот во Хаг го осуди Караџиќ на 40 години затвор, пред се поради масакрот во Сребреница, а на жалбата на одбраната, на 20 март оваа година пресудата беше преиначена во доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија