Абазовиќ тврди дека го разрешил директорот на АНБ поради „специјална војна“ против членови на Владата

Од:

Премиерот на Владата на Црна Гора во технички мандат Дритан Абазовиќ изјави дека причината за разрешувањето на вршителот на должноста директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Саво Кентера е „специјална војна што се води преку безбедносните служби“ против одредени членови на Владата.

„Одредени луѓе во АНБ се обидуваат да подготват или веќе подготвиле афери во однос на некои членови на Владата и некои членови на Полициската управа. Нема да откривам имиња, нека беа спомнати во други ТВ емисии и не се голема тајна, ги има повеќе“, изјави Абазовиќ доцна синоќа за Радио телевизија на Црна Гора, пренесе Бета.

Тој додаде дека го прашал Кентера дали е запознат со тие работи и дека добил негативен одговор.

Претходно вчера, на предлог на Абазовиќ, Владата на Црна Гора го разреши директорот на АНБ, Кентера. Тоа ги изненади некои западни дипломати кои рекоа дека работата на сменетиот директор е „високо ценета во западните метрополи“, додека неколку партии од опозицијата ја поврзаа одлуката со неодамна разоткриената мрежа на соработници на руската разузнавачка служба.

Кентера беше назначен за директор на АНБ на почетокот на мај, по предлог на Абазовиќ.

Коментирајќи го отказот, сменетиот директор на АНБ, за време на безбедносниот форум во Будва, рече дека тоа „не е добар знак за оние кои ја гледаат Црна Гора како дел од Западот“.

Кентера потсети на неодамнешната акција предводена од АНБ, која „демаскира руска шпионска мрежа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски