Абазовиќ: Ѓукановиќ да биде подготвен на последиците доколку не го потпише Законот за Претседател

Од:

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ треба да биде подготвен за последиците доколку повторно одбие да го потпише Законот за Претседател, изјави премиерот Дритан Абазовиќ.

По претставувањето на Директоратот за интеркултурализам, Абазовиќ беше прашан што ќе се случи доколку Ѓукановиќ повторно одбие да ги потпише измените на Законот за Претседател и рече дека претседателот на Хрватска веќе еднаш го прекршил законот.

– Нека го прави тоа постојано, бидејќи се доаѓа на наплата. Моето барање е да не го прави тоа, но ако не сака да потпише, нека биде подготвен за последиците“ изјави Абазовиќ.

На прашањето какви се можностите доколку тоа се случи, тој рече дека има можности.

– Постојат можности, нема причина за загриженост. Демократската партија на социјалистите сака метеж во Црна Гора. Можат да го забават текот што започна, но не можат целосно да го сменат, изјави Абазовиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски