7.548 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска, 55 починати

Од:

Во последните 24 часа се регистрирани 7.548 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 49.528, информираат хрватските медиуми. Меѓу нив, 1.800 пациенти се во болница, од кои 220 се на респиратор.

Во последното деноноќие починале 55 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 826.380 лица заразени со коронавирусот. Од почетокот на пандемијата во Хрватска починале 13.212, а вкупно 763.640 оздравеле, од кои 6.406 во последните 24 часа.

Во моментов во самоизолација се 26.439 лица.

Досега се тестирани вкупно 4.010.890 лица, од кои 16.768 во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби