Во Албанија од грип починале четири лица

Од:

Од грип во Албанија починаа четири лица.

– Регистрирани се четири жртви на грипот. Станува збор главно за хронични болни. Компликациите од него може да предизвикаат фатални последици по животот, при што најризична група се хроничните болни, односно лицата кои боледуваат од хронична пневмонија, кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, вели пневмологот Арјан Мезини.

За тиранската телевизија Топ чанел тој потврди дека од 31 декември се забележува зголемен број лица заразени од грип и додаде дека се очекува овој број нагло да нарасне во следните две недели.

Официјалната статастика потврдува дека во Албанија има над 20 илјади грипозни,но нивниот број се верува дека е многу поголем, имајќи во предвид дека дел од заболените се лекуваат во домашни услови или со лекарства што ги добил некој член од нивното семејство.

Поради грипот, ниските температури и снегот уште од пред Нова Година се затворени училиштата и градинките во земјата.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици