20 лекари и околу 40 медицински сестри во општата болница во српскиот град Нови Пазар се заразено со коронавирусот, изјавил вечерва директорот на болницата Мехо Махмутовиќ, јавуваат медиумите.
Според оценките на лекарот, изгледа како вирусот да мутирал, а тој вели и дека пациентите, кои последните денови се јавувале за помош, имаат значително потешка клиничка слика.
„Имаме многу сериозни пациенти и загрижува тоа што сите кои дојдоа во последните петнаесетина дена, сериозно истоштени, со сериозни запаленија на белите дробови. Најлесните случаи се оние со температура, кашлање и малаксаност,“ изјави Махмутовиќ.
Тој рече и дека некои пациенти, со возила на брза помош се пренесуваат во Белград, во специјалната болница во која се лекуваат пациенти со Ковид-19.
Во Нови Пазар во последните два дена се тестирани 245 лица, од кои дури 89 биле позитивни на коронавирусот.