500 евра за креветот во кој спиеја Тито и Јованка, 2.700 чини клавирот, а уметнички стол 2.000 евра.
Инвентарот од викендичката на Јосип Боз Тито на Лапад е понуден на аукција откако таа со денационализација била вратена на богатиот дубровчанец од семејство Банац.
На аукција се 115 предмети, со почетна цена од околу е 200.000 куни или околу 25.000 евра. Цената е релативно ниска, затоа што тие се во лоша состојба, а и немаат посебна уметничка вредност
На цената влијаел и фактот што Тито не ја сакал викендичката,изградена во 1936 година, па ретко престојувал во неа.
За разлика од Тито, поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, често престојувал во неа.