4.534 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска

Од:

Рекордни 4.534 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа, а 48 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи е 23.942, а меѓу нив има 2.501 пациент во болница, од кои 258 се приклучени на респиратор.

Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 139.415 лица заболени од коронавирус, од кои 1.964 починале, а 113.509 луѓе оздравеле, од кои 3.154 во последните 24 часа.

Во моментов има 57.894 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 780.257 лица, од кои 11.166 во последните 24 часа

Новите 4.534 случаи се нов рекорд на дневна основа. Досега се регистрирани над 4.000 случаи само двапати – 4.009 на 26 ноември и 4.080 на 27 ноември.

Би можело да ве интересира

Хрватска не оди во добра насока, сметаат 73 отсто од анкетираните граѓани

А1он

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Наставничката со телото ги штитела учениците од напаѓачот додека ја бодел со ножот

Предраг Петровиќ

Детали за нападот во училиштето во Загреб – наставничката има 31 убодна рана

А1он

Се урнал покривот на сала во изградба во Шибеник, најмалку едно лице е повредено

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски