37 заболени од „Западен Нил“ во Србија

Од:

Вирусот „Западен Нил“, кој се пренесува со комарци, е потврден кај 16 лица, а досега се регистрирани вкупно 37 заболени во Србија.

Заменик директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести, Олга Дуловиќ во изјава за Танјуг навести дека ќе се зголеми бројот на инфицирани и дека тоа зависи од тоа колку многу комарци во наредниот период ќе бидат “активни”.

Таа претходно изјави дека на Одделението за инфективни и тропски болести, дваесет пациенти кои страдаат од вирусен енцефалитис, се згрижени, а кај двајца болеста е докажана.

Весникот “Прес”, објави дека бројот на луѓе заразени со „Западен Нил“ е многу повисока отколку што е прикажано со официјалните податоци.

Дуловиќ рече дека една жена била третирана во Панчево, а потоа на Катедрата за инфективни и тропски болести, почина во средината на август, откако кај неа беше дијагностицирана оваа болест.

Симптоми на болеста се:

– Висока температура

– Главоболка

– Слабост

– Отечени жлезди

– Поспаност

Сите инфицирани лица се на возраст меѓу 52 и 82 години, што е карактеристично за вирусот.

Дуловиќ рече дека граѓаните немаат причина за загриженост, бидејќи постојат различни форми на вирусен енцефалитис, кој може да биде благ и незабележан, но сепак може да биде многу сериозен и опасен по живот.

Министерот за здравство Славица Ѓукиќ Дејановиќ рече дека нема причина за паника.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски