Основниот суд во Урошевац му одреди едномесечен притвор на Азем Куртај, осомничен дека застрела две српски момчиња во Готовуша кај Штрпце, пренесува Коха.
Во соопштението на Судот се наведува дека судијата за претходна постапка на Одделот за тешки кривични дела оценил дека постои сомнеж дека Азем Куртај намерно се обидел да ги убие Стефан и Милош Стојановиќ во Готовуша кај Штрпце.
„Кога со својот автомобил пристигнал на влезот во селото, забележал неколку граѓани на крајот од патот и за да ги избрка, свикал. Не можејќи да продолжи, го запрел автомобилот и по вербална расправија, извадил револвер и испукал двапати нанесувајќи им телесни повреди на момче и млад човек. Тие прво биле упатени во Здравствениот дом во Штрпце, а потоа во болницата во Грачаница“, се вели во соопштението на Судот.
Исто така, познато е дека, спротивно на законот за оружје на Косово, осомничениот користел оружје со дозвола.
Адвокатот на Азем Куртај денеска за време на судското рочиште изјави дека неговиот клиент во самоодбрана пукал во 21-годишниот Милош и 11-годишниот Стефан.