Уставниот суд на Хрватска соопшти: Милановиќ за да биде кандидат на изборите мора да поднесе оставка

Од:

Уставниот суд на Хрватска денеска по седницата ја соопшти одлуката за објавување на кандидатурата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на изборите на листата на СДП.

Претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ изјави дека доколку Зоран Милановиќ се кандидира на парламентарните избори додека е на функцијата претседател, во исто време мора да поднесе оставка.

„Претседателот на Република Хрватска ја претставува Република Хрватска во земјата и во странство. Тој е одговорен за независноста. Тој е врховен командант на вооружените сили, распишува избори и го доверува мандатот за формирање Влада на лице кое ужива доверба од мнозинството пратеници.Претседателот на Република Хрватска е непартиско лице и додека ја врши таа должност не смее да учествува на партиски избори. Кандидатурата на претседателот на листата на која било политичката партија за избор и неговото претставување како кандидат е некомпатибилно со неговата уставна положба и принципот на поделба на власта.

Зоран Милановиќ претходно изјави дека без разлика на одлуката на Уставниот суд, тој ќе биде кандидат на СДП за премиер и го обвини Уставниот суд за пристрасност иако половина од судиите се именувани на предлог на СДП.

„Уставниот суд е гарант на стабилноста. Очекувам одговорните лица да ги почитуваат одлуките на Уставниот суд. Доколку нема да се почитуваат, не сакам да прејудицирам. Доколку утврдиме дека ќе постапат спротивно на уставот, ќе ги искористиме сите опции, до поништување на сите изборни дејствија.Сигурен сум дека нема да дојде до тоа. Оваа одлука не го спречува претседателот да продолжи како човек кој има уставни овластувања да ја врши функцијата претседател на република. Но тоа што го прави од петокот веќе не е дозволено“, рече претседателот на Уставниот суд.

Тој објасни дека границата е што не може да учествува во кампањата, не може да биде кандидат за пратеник и не може да се појави како кандидат за премиер. Партијата може да каже кој ќе биде нејзин кандидат, но тој не смее да учествува во кампањата. Тој не може да биде кандидат и не смее да се појави како кандидат за премиер на овој изборен процес.

Тој изјави дека по изборите, согласно законот, Милановиќ може да биде кандидат за премиер.

За одлуката гласаа девет судии, а против беа двајца судии.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања

Милановиќ: НАТО прави тоа што вели Пентагон

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

Милановиќ се откажува од претседателската функција, ама по трката за премиер

Предраг Петровиќ

Северина му одговори на хрватскиот претседател: Благодарам за грижата, ама моето дете не е уште полудено

Предраг Петровиќ

Милановиќ: Или Русија и САД некаде ќе се договорат или ќе следи Трета светска војна