185 Албанци нелегално ја поминале унгарската граница

Од:

На територијата на пограничната жупанија Чонград во Унгарија се фатени нови 185 лица, како нелегално ја поминуваат границата, од кои повеќето биле од Косово, соопшти унгарската полиција.

Најголемата група како што е соопштено е откриена вчера во околина на Марахалома, а во неа биле 52 лица од Космет, Авганистан и Сирија кои нелегално ја поминале „зелената граница“.

Унгарската полиција наведе дека покренала постапки против 174 лица од Косово и уште 53 нелегални мигранти од неколку држави, кои биле откриени во периодот помеѓу 13-ти и 15-ти февруари на територија на пограничната жупанија Бач-Кишкун.

Во изминатите 72 часа унгарската полиција фатила 1.298 лица,а како што се наведува сите барале азил и се предадени на надлежните имиграциски служби.

Против 14 лица е покрената и постапка поради криумчарање на луѓе, а против седум поради фалсификувани документи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски