Полицијата од Албанија синоќа во близина на Тирана, заплени 100 килограми марихуана. Шест лица се уапсени.
Дрогата која ја запленила полицијата била транспортирана во два автомобили а полицијата истите ги запрела во близина на Вора, предградие на Тирана.
Според полициските информации, групата која шверцувала дрога била позната и пратена долго време, но идентитетот на уапсените не се соопштува.
Завчера грчката полиција заплени 105 килограми албанска марихуана во близина на грчко-албанската граница кај градот Јанина.