„За време на изборната кампања Трамп зборуваше за тоа како сака да постигне мир на некој начин и водеше сè кон мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руска телевизија.
„И сега прават се што можат за да ја ескалираат ситуацијата на тој начин што мировните договори се осудени на пропаст“, рече Песков во политичкото шоу „Москва. Кремљ. Путин“.
Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, рече дека ќе дејствува брзо за да стави крај на повеќе од 1.000-дневната војна меѓу Русија и Украина. Сепак, тој се уште не открива никакви конкретни планови.
Според коментарите на Песков, Бајден ја овласти Украина да користи американски ракети со долг дострел ATACMS против воени цели во Русија.
Бајден планира да прости и дел од долгот на Украина.
Песков рече дека администрацијата на Бајден покажала дека „ќе направи се за да не заврши оваа војна“ и дека сака да го ограничи Трамп и да му се одмазди за изборниот пораз.