Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

Од:

Иран и Русија, земјите под најстроги санкции во светот, потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“ додека Москва и Техеран ја продлабочуваат соработката која постепено се зголемува откако Кремљ започна целосна инвазија на Украина пред три години.

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го потпишаа договорот денеска во Москва, по состанокот на кој двајцата лидери изјавија дека ќе ги зајакнат односите во широк опсег на области.

Новиот договор, кој трае 20 години, има за цел да ги зајакне „воено-политичките и трговско-економските“ односи меѓу Техеран и Москва, соопшти Кремљ.

Иако деталите од договорот се оскудни, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција на 15 јануари рече дека договорот е „конструктивен по природа и има за цел да ги зајакне капацитетите на Русија, Иран и нашите пријатели во различни делови на светот“.

Договорот, наводно, не вклучува клаузула за меѓусебна одбрана.

Русија и Иран се под строги западни санкции, вклучително и ограничувања на нивните енергетски индустрии.

Двете земји, исто така, ја проширија својата воена соработка и покрај предупредувањата од западните земји за испораката на иранските беспилотни летала Шахед во Русија.

Европа и Соединетите Американски Држави воведоа серија санкции за ирански субјекти и поединци за давање различни видови поддршка на Русија, вклучително и испорака на беспилотни летала Шахед. Иран тврди дека е „неутрален“ во војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија