Дизајнерот Џо Рот е креираше порцелански звучници, кои се комбинирани со беспрекорен бел порцелан, стиропор и дрво од јавор.
Нивниот минималистички изглед прави тие да бидат на сама граница на скулптура и функционално парче техника, поради што станаа омилени во цел свет. Нивната органска и ненагласена материјалност ни нуди подлабок, побогат звук кој воодушевува.
Деталите од јавор и конструираните елементи ги држат сите компоненти на место, под нежен агол од 26 степени, за постигнување на оптимални перформанси, со еден бакарен индуктор и фреквенција од 125 херци. Опциските Блутут компоненти дозволуваат употреба на безжичен извор за уживање во музиката по ваш избор.
Рот својот прв дизајн буквално го стави на пиедестал. Неговите звучници се прават само по порачка, а се доставуваат по шест недели од порачката. Можат да се купат во комбинација или поединечно, но сигурно ќе стават акцент на секоја нота и ќе ви пружат аудио и визуелно уживање.