Покрај бројните состојки, на човечкиот организам му е потребен и витаминот Ф. Можеби звучи чудно, но витаминот Ф претставува група супстанци потребни за човечкиот живот, иако организмот не ги создава сам.
Овој витамин игра главна улога во создавањето одбранбена рамнотежа, а претставува и основа од која се синтетизираат други заситени масни киселини.
На човечкиот организам дневно му се потребни 10 до 20 грама од овој витамин, но ова количество, за жал, ретко кога е задоволен. Доволно е само да се испијат две супени лажици сончогледово масло, цедено. Во секој случај, полузаситените масни киселини, во кои се наоѓа витаминот Ф, се концентрирани во семките на сончогледот, ленот, памукот, афионот…
Доколку овој витамин го нема доволно во организмот доаѓа до губење на вода, поради што се јавува огромна жед. Ако кожата се перута, тоа исто така може да биде последица од недостаток на витаминот Ф.
Ако дојде до хроничен недостаток на витаминот Ф, можат да се јават и заболувања на крвните садови, како што се атеросклероза, флебитис, тромбоза, срцев удар, како и нарушување во работата на црниот дроб и намален имунитет.