Зоолошката од Измир и подари на Битола 25 животни

Од:

Најголемата „Зоолошка Градина“ во Измир, Турција одлучи да подари 25 разновидни животни на „Зоолошката Градина“ во Битола, кои во наредниот период ќе бидат сместени во нови живеалишта.

Иницијативата за оваа донација е на македонскиот амбасадор во Турција Горан Тасковски и е резултат на добрата соработка меѓу градовите од двете држави, односно Измир и Битола, посочи директорот на „Зоолошката Градина“ во Битола, Коста Нешковски.

– Станува збор за повеќе видови животни, газели, камила, птици и други животни кои најголем дел ќе бидат сместени во Зоолошката Градина во Битола, но дел ќе бидат доделени и во Скопје, во зависност од условите за сместување на животните, посочи Нешковски.

На средбата што се одржа во Битола директорот Нешковски од амбасадорот Горан Тасковски и претставникот на општина Измир Аднан Хоџаоглу бил информиран за динамиката на преземање на животните и нивно сместување во соодветни живеалишта.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола