Од излегувањето на овој познат филм „The Karate Kid“ поминаа 28 години, а актерот кој ја играше главната улога Ралф Макио денеска има 51 година.
Актерот кој се прослави со овој филм од осумдесетите, не потсети дека времето „лета“.
По снимањето на три дела на „Karate Kid“, Ралф сними уште неколку филмови, а играше во мјузикли на Бродвеј.
Тој се појави и во „Ugly Betty“ и „Dancing with the Stars“, но никогаш не успеа повторно да ја достигне славата што ја имаше со филмот „The Karate Kid“.