Првиот модел на „ајфон“ со златна боја на компанијата „Епл“ е веднаш распродаден во Кина и Хонг Конг.
Новите модели „ајфон 5“ со златна боја веднаш се распродадени по пат на порачки преку интернет.
Златото и златната боја станале заштитен знак на новите богаташи во Кина, имајќи предвид дека овој благороден метал традиционално претставува симбол на богатство и луксуз во кинеската култура.
Според пишувањето на хонгконшкиот весник „Епл дејли“, цената на „позлатените“ ајфони би можела да биде најмалку 1.000 долари.