Португалската компанија „Бока до Лобо“ го креираше „Millionaire Luxury Safe“.
Рамката на овој сеф е изработена од полиран месинг додека фиоките во внатрешноста се изработени од чисто махагони дрво и обложени со луксузна ткаенина.
Така овој сеф изгледа како да е изработен од чисто злато, меѓутоа таков изглед всушност му дава позлатата што е додадена за уште поекстравагантен изглед.
Цената на овој сеф што поседува безбедносен систем опремен со тајна шифрирана комбинација, изнесува 41,630 долари.