Студените временски прилики не принудуваат поголем дел од времето да го поминуваме дома и да конзумираме силна, зачинета храна. Сепак, во зисмкиот период мора да се води сметка за видот на исхраната која се конзумира, со цел да се спречат повеќе настинки и вируси.
Избегнувањето на физичка активност и конзумирањето нездрава храна е најлесниот пат до дебелина. Зимата е „мрзлива“ сезона, но и сезона на портокали, спанаќ, грашок, зимска салата, цвекло и морков.
1. Спанаќ – Овој зелен лиснат зеленчук има многу здравствени предности. Освен тоа што има малку калории спанаќот содржи флавоноиди кои имаат антиканцерогени својства, витамин Ц, витмамин Е, бета каротен, цинк, манган и други антиоксиданси кои го намалуваат вискиот крвен притисок. Она што е најважно е дека спанаќот го чисти организмот и придонесува за сјај на лицето.
2. Портокал – Ова овошје придонесува во согорувањето на маснотиите и добивање беспрекорна и сјајна кожа. Портокалите се богати со витамин Ц, флавоноиди, калиум, фолна киселина, калциум, јод, фосфор, натриум и железо. Портокалите го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат холестеролот, високиот крвен притисок, и спречуваат појава на камен во бубрег и штитат од слободните радикали кои водат до стареење и оштетување на кожата.
3. Киви – Кивито има висока содржина на влакна кои го контролираат нивото на шеќер во крвта и спречуваат рак на дебелото црево. Се смета дека кивито има повеќе витамин Ц од портокалот.
4. Грашок – Ако се разбудите наутро и се почувствувате лошо, изедете неколку зрна грашок. Грашокот го подобрува имунолошкиот систем, а исто така ве одржува активни. Грашокот има малку калории и богат е со витамини.
5. Цвекло – Овој темноцрвен зеленчук е многу хранлив и задолжително треба да се вклучи во исхраната. Цвеклото ја подобрува крвната слика и протокот на крв во телото.