Зика вирусот може да биде лек за тумор на мозокот

Од:

Глиомот, агресивен и тешко излечив тумор на мозокот, ќе може во иднина да се лекува со многу изненадувачка „терапија”, а тоа е Зика вирусот!

Во САД 12.000 луѓе годишно заболуваат од глиом, а моменталната терапија подразбира операција, радијација и хемотерапија.

Меѓутоа, истражувачите тврдат дека овој вид на тумор може да се лекува со Зика вирусот, бидејќи постојат слични механизми со чија помош бројот на туморозните клетки и здравите клетки на мозокот се зголемува и се делат.

Бидејќи вирусот Зика ги напаѓа матичните клетки на фетусот, истражувачите веруваат дека тој, исто така, може да ги нападне и туморозните клетки, се наведува во Journal of Experimental Medicine.

Огромниот број матични клетки делумно објаснува зошто вирусот Зика може да биде штетен за мозокот на фетусот, додека возрасните кои ги немаат овие клетки обично доживуваат благи симптоми, како што се треска и болка во зглобовите кога се изложени на истиот вирус.

За да ја тестираат својата теорија, истражувачите од Универзитетот во Вашингтон и Универзитетот во Калифорнија вбризгале вирус Зика или обична солена вода во туморот на мозок на глушец. По две недели кај глувците кои добиле инфекција со вирусот било регистрирано намалување на туморот. Дури и мутираната верзија на Зика вирусот успеала да го намали туморот на мозокот кај заболените глувци.

Истражувачите се надеваат дека наскоро ќе почнат испитувања и врз луѓето, кои ќе траат во наредните 18 месеци.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска