„Животот на Пи“ го отвора скопскиот „Синеплекс“

Од:

Новото кино „Синеплекс“ се отвора вечер со „Животот на Пи“, филм кој ги помести границите во 3Д технологијата, во чија изработка учествуваше и тимот на македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х, работејќи на сцените од бурата.

Филмот, соопштија од компанијата, е адаптација на мегахит романот на Јан Мартел со истоимениот наслов, изводлива единствено во изведба на режисерот Анг Ли, кој досега двапати е наградуван со Оскар.

Според фабулата на романот, во раните 70-ти години, младиот Пи Пател и неговото  семејство ја напуштаат Индија и заминуваат за Канада во потрага по нов почеток. Таткото на Пи е чувар во зоолошката градина, па тие патуваат со животните кои планираат да ги продадат за да створат капитал за својот нов почеток. Но, по една страшна бура, бродот потонува и Пи одеднаш се наоѓа сам опколен со вода со раздразливиот тигар Ричард Паркер.

– Во поглед на технологијата употребена за визуелни ефекти, „Животот на Пи” е во  врвот, бар од филмовите кои ќе излезат оваа година. Визуелно филмот е извонреден и претставува мало ремек дело во поглед на 3Д сликата, вели Кристијан Даниловски, извршен продуцент во ФХ3Х.

– Нашиот тим работеше на сцените кои што беа снимени во базен за бранови. Сите сцени на разбуркано море се снимани во затворено студио и нашиот тим работеше на отстранување и подготовка за додавање на елементи во кадрите, како би се постигнала максимална веродостојност, изјави Александар Вишемирски, супервизор на тимот кој работеше на овој проект.

Инаку македонската премиера на филмот се случува неколку часа по светската премиера во САД.

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“