Живите огради како украс на домот

Од:

Која форма на жива ограда ќе ја направите зависи од стилот на композицијата на градината доколку сакате да постигнете единствено на целината и визуелен ефект кој ќе ве задоволува, но секако тоа не е услов бидејќи живата ограда сама по себе е доволно ефектна, поради начинот на обликувањето и формата која може да се постигне.

Со сечењето на живата ограда можат да се постигнат различни правилни форми кои ќе ја направат правилно обликувана, но ако пуштиме слободно да расте ќе се претвори во дрвја или џбунови. Во секој случај користете само вид на жива ограда која добро го поднесува сечењето.

За формирање на живата ограда се употребуваат видови кои покрај убавите и интересни лисја, се одликуваат и со интересни цветови чија фенофаза трае долго, како и плодови со интересен облик и боја, кои долго па дури и преку зима остануваат на гранките.

Живите огради се категоризираат по висина, бројот на редовите во нив и по начинот на негата, односно дали се сечат или не се сечат. Според висината можат да бидат ниски (до 60 сантиметри; бордура за декоративно оивичување), средни (до 1,20 метри; како психолошка препрека) и високи (до 2 метри; за целосна изолација на просторот). Висината од 1,50 до 2,20 метри, треба да се избегнува.

Живата ограда треба да биде густа, со редови раздалечени на 30 до 50 сантиметри, а во ред од 15 до 50 сантиметри зависно од видот. Живата ограда дава убав контраст на бои во однос на некои покривачи на тлото, како што е тревата, цвеќето или ползавците. Според бројот на редовите се делат на едноредни во еден канал, на дворедни во цик-цак во два реда, и повеќередни најчесто троредни исто во цик-цак во три реда.

За едноредни живи огради најчесто се користат: Thuja sp., Chamaecyparus sp., Prunus laurocerasus, Pyrocantha coccinea, Spirea sp, а за дворедни: Hibiscus siriacus, Hamamelis japonica, Ligustrum ovalifolium, Buxus sempervirens, Maclura aurantica и други.

За да се добијат компактни форми со сечењето и без грди дупки, се користат убави текстури и поситно лисје. Ако посадите цвеќе да се постигне дополнителен ефект тогаш бирајте на пример потемни бои за саксии кои се одлична подлога за цвеќе со силни бои.

Необични, но многу ефективни видови се: Rosmarinus officinalis (ароматично растение), Viburnum rhytidophilum, Berberis thunbergii и B. Sargentiana (кои со оглед на трњата даваат одлична физичка препрека). Мешањето на разни видови и дава посебна нота.

Тука треба да се обрне внимание не само на композицијата на боите туку и на тоа видовите да имаат приближно иста брзина на растење, бидејќи во спротивно би имале голем проблем при одржувањето.

Видовите кои се користат за неформални, необрезани живи огради се тие кои природно имаат компактен хабитус споен со тлото. Било да се тоа округли форми како Viburnum Tinus, или со исправена форма како кај видот Berberis gagnerpaini, необрезаните живи огради од цвеќе слободно се развиваат, цветаат и се плодоносни (Rosa rugosa, Berberis thunbergii).

Изборот на видовите е голем, треба да се избегнат тие кои имаат исправена форма и хабитус дигнат од тлото или кај пониските видови тие кои неконтролирано се шират по тлото.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска