Жителите на Виена ќе живеат подолго и ќе бидат поздрави

Од:

Градските власти во Виена, во соработка со 133 здравствени експерти во различни дисциплини од 62 институции, изработиле девет здравствени цели кои планираат да ги исполнат до 2025 година.

Животниот век на жителите на Виена до 2025 година треба да биде поздрав и подолг за една и пол година. Ваквиот план би се остварил врз основа на предлозите на Светската здравствена организација (СЗО) и земјите како што е Германија.

Целта на градот Виена е да го подобри здравјето на своите граѓани, без разлика на социјалното потекло и полот на жителите. Здравствените цели ќе бидат прилагодени за сите категории на населението (деца, младинци и бремени жени, работоспособни и возрасни лица). Децата и младите ќе бидат оптимално вклучени во превенцијата на болеста. На тој начин повеќе од половина деца на шест годишна возраст во иднина нема да имаат забен кариес.

Во училишните кујни ќе се служат помалку газирани пијалоци, а повеќе вода. Децата ќе имаат поголема физичка активност и здраво ќе се хранат. Стапката на породувања со царски рез исто така ќе биде намалена од 30 на 25 отсто. Виена ќе ја прошири интегрираната здравствена помош, при што центрите за примарна здравствена заштита ќе им помогнат на преполните амбуланти.

За сите возрасни групи ќе постојат понуди за психосоцијално здравје.

Виена, исто така, ќе се грижи и за социјално дискриминираните лица, луѓето со ниско ниво на образование и приходи со цел и тие да имаат пристап до новата здравствена програма на градот.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник