Швајцарската компанија „Savelli“ дизајнираше паметен телефон специјално за жени. Минатата недела на ревијата за висока мода во Париз претстави серија од 11 луксузни мобилни телефони, дизајнирани за понежниот пол.
Ексклузивните паметни телефони имаат егзотични називи како на пример „Ardent Red“ или „Diamond Night“, прекриени се со кожи на игуана, син ној или црн алигатор, украсени со злато, керамика и други каменчиња.
– Кога дизајнираме, знаеме што сакаме, вели сопственикот на компанијата „Sаvelli“.
– Сакавме да креираме облик на мобилен телефон кој е женствен, но и многумодерен. За да го постигнеме саканиот облик, за време на креацијата екранот го прекриваа со специјално стакло, кое се користи во подготовка на врвни часовници. Мелодиите за овие мобилни телефони специјално ги компонираше францускиот ди-џеј и продуцент Стефан Помпунак, додаде тој.
Најевтиниот телефон од ваков вид чини 9.000 долари, а најскапиот е Black Insane“ моделот, украсен со 75 дијаманти, за кој некој треба да одвои 118.000 долари.