Жените кои пијат антибиотици подолго од два месеци се соочуваат со зголемен ризик од инфаркт.
Експертите веруваат дека долготрајната употреба на антибиотици ги убива добрите бактерии во цревата и со тоа се нарушува рамнотежата на цревната флора, што резултира со оштетување на срцето.
Во истражувањето биле опфатени жени постари од 60 години, кои користат антибиотици подолго од 6 месеци. Ризикот од инфаркт во следните 8 години, кај овие жени е за 32 отсто повисок отколку кај оние што не биле подложени на лекови.
За жените во старосната група од 40 до 59 години шансите се за 28 отсто повисоки, а за оние помлади од 40 години не постои видлива опасност.
Ефектот на лековите се чувствува во средните и доцните години, бидејќи овие жени во својата старост имаат поголема потреба од антибиотици и подолг временски период, со што се зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.