Кристина Валтон (45) влезе во Гинисовата книга на рекорди заради своите најдолги нокти во светот.
Таа е мајка на пет деца. Вели дека ноктите воопшто не и пречат, со нив вози, чисти, пере, исто како да не се тука.
Должината на ноктите и е околу 2 метра. Последен пат ги пресекла пред 19 години, а пред две и се скршил еден додека се обидувала да го поправи автомобилот.
„Луѓето мислат дека ништо не можам да работам со нив, но по кратко време сфаќаат дека можам да правам се“, вели таа и додава дека многу често и заборава дека ги има.