Будистичката статуа, стара повеќе од 1.000 години, позната под името „Железен човек“ е направена од метеорит, кој доаѓа од вселената.
Тежок 10,6 килограми, 24 сантиметри висок, мажот во оклоп на чии гради има превртен кукаст крст, во Германија го донеле нацистите кои го пронашле во 1938 година во Тибет, при една своја научна експедиција. Поради високиот процент на железо го добила името, а ја пронашла групата предводена од Ернест Шефер, етнолог и зоолог.
Се верува дека оваа научна експедицијата во 1938 година и 1939 година барала траги од Ариевската раса, чија наводна супериорност претставува еден од темелите на нацизмот.
По речиси 75 години научниците открија преку хемиска анализа дека каменот од кој е направена стауата доаѓа од многу редок вид на метеорит кој преживеал долго патување низ Сончевиот систем и влез во атмосферата на Земјата, пред да удри во Земјата пред околу 15.000 години. Станува збор за метеоритот Чинг, еден од 113 железни метеорити пронајдени на Земјата.
Не е сосема јасно како професорот Шефер ја пронашол статуата, но свастиката што се наоѓа на нејзините гради за будистите преставуа симбол на среќа, па се претпоставува дека токму таа била причината што била однесена со нив.
Кога статуата стигнала во Минхен, станала дел од приватна колекција и била достапна за истражувачите дури по 2009 година, кога всушност била продадена на аукција.
„Кога ќе се земе предвид материјалот од кој е направена, вредноста на оваа статуа е околу 15.000 евра. Ако на ова се додаде и староста, над 1.000 години, тогаш станува збор за сума која не можеме ни да ја замислиме. Нејзината реална вредност е непроценлива“, вели професорот Едгар Бухнер, од Универзитетот во Штудгарт.
– Јанко човек е познат само човекот да ги видиш врежан од метеори. Ако земеме во предвид само од материјалот од кој што е направена, вредноста е околу 15.500 евра. Од друга страна, ако се пресмета возраста на статуата на близу 1.000 години, можеме да кажеме дека тоа е непроценливо парче – Елмар Buhner објаснува професорот на Универзитетот во Штутгарт.