Научното истражување во Кина откри дека зелениот чај ја подобрува регенерацијата на мозочните ќелии и позотивно влијае на меморијата.
„Иако од страна на научниците, докажано е благотворното дејство на зелениот чај на кардиоваскуларните болести, сега пред нас се докази за хемиските состојки кои директно влијаат на механизмите во мозокот“, изјави професор Јун Баи.
Кинеските научници особено се фокусирале на хемиската состојка EGCG која се наоѓа во зелениот чај.
„Точно оваа супстанца го помага процесот на неурогенеза во мозокот. Ова откритие може да помогне во борбата против дегенеративните болести и губењето на меморија“, вели професор Баи.
Истражувањето е објавено во научното списание „Molecular Nutrition & Food Research“.