„Здраво млади“ годинава со речиси 5.000 посетители

Од:

Годинашното издание на фестивалот на новата музика „Здраво млади 8“, е со двојно зголемена посетеност од претходните изданија.

– Осмото издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“ покажа дека Скопје има капацитет и желба и за многу повеќе. Дванаесетчасовната програма распослана на неколку сцени пред и во МКЦ, ведрата, насмеана и разиграна публика, меѓу која и голем број странски гости, дојдена во Скопје специјално за фестивалот, го потврдуваат сето тоа, наведуваат од МКЦ.

Посебно значајно за годинашното издание на фестивалот е тоа што тој влезе во фестивалската биографија на глобалниот феномен „Cigarettes After Sex“.

Фестивалската програма започна со најновото музичко-сценско освежување на домашната театарска сцена, рап-мјузиклот „Црнила ремикс“, во режија на Јордан Симонов, а продукција на МКЦ.

Музичката програма ги претстави и домашните Палиндром, српските Репетитор, вторите гости од САД, Wooden Shјips, а на сцените внатре во МКЦ беа претставени и: Eric Copeland, музичко-визуелниот тајфун Blanck Mass, берлинското чудо Camera, надежната раперка Flohio, како и домашната „одбрана“ Don Playa, Bon Praskiza, Oggie и Druggy Drags со програма што будно траеше до раните утрински часови.

Во галеријата на МКЦ беше поставена и изложбата на фотографии на германскиот автор Стефан Хекел – „Landscape Unusual“, а високата позитивна енергија на фестивалот цело време ја одржуваше нашиот најголем фан и „Здраво млади“ резидент, Ирецот DJ FITZ, соопштија од МКЦ.

„Здраво млади“ оваа година се потруди да ги донесе на концертно уживање и најмладите, креирајќи посебна јуниор програма со концерт на „Пет плус бенд“. Фестивалот оваа година оствари рекордна посетенот, со околу 5.000 посетители, а како никогаш претходно доминираа млади лица, наведуваат од МКЦ.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје